Швајцарија и САД се договорија да се стави крај на анонимноста на американските државјани кои имаат сметки во швајцарските банки.
САД поставија ултиматум дека доколку не ја прифати спогодбата, дванаесетте најголеми швајцарски банки нема да можат да постигнуваат договори со американски финансиски институции.
Сите швајцарски банки, чиј број е над сто, се согласија на Вашингтон да му ја стават на располагање документацијата за тајните сметки на американските државјани во Швајцарија, стои во деталите од спогодбата на швајцарските банки и американските министерства за правда и финансии, кои ги објави циришкиот весник „Тагесанцајгер“.
Швајцарските банкари дополнително се обврзаа, наводно самоиницијативно, да им платат на надлежните финансиски институции на САД меѓу 20 и 50 отсто од сумата, која американските сопственици на банкарски сметки ги затаиле од даночење во САД.
– Приватниот договор меѓу преговарачките тимови на Швајцарија и САД се коси со одлуката, која во јуни ја изгласаа пратениците на швајцарскиот Парламент – тврди весникот.
Со одлуката за недопирливоста на банкарските тајни, пратениците го одбија американското барање до Швајцарија да го укине правото на анонимност на американските сопственици на сметки во алпските трерози. Весникот додава дека оваа спогодба е всушност капитулација на швајцарските банки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


