Кредитната линија од 100 милиони евра, којашто во моментов се користи, е практично главниот извор на финансирање за кредити за сите фирми во Македонија, посочува премиерот Никола Груевски. Тој од банките добил информации дека 99% од кредитите што ги даваат се од оваа кредитна линија што Владата ја обезбеди и чијашто камата ја субвенционира, и таа изнесува 5,5 проценти.
– Досега од последната транша, четвртата транша на оваа кредитна линија, искористени се 71 милион евра, во тек на повлекување се 8 милиони евра. Мислам дека во текот на септември компаниите што ги очекуваат ќе ги добијат. И дваесетина милиони евра до крајот на годината се очекува да се искористат. Во исто време Владата веќе ги финализира разговорите со банките за повлекување на нова линија од 100 милиони евра чијашто камата ќе биде субвенционирана, исто како и оваа. Очекуваме некаде околу нова година таа да дојде на располагање на македонските фирми. И да нема некој сериозен застој при завршувањето на сегашните средства и повлекувањето на новите евтини средства, коишто во овие тешки времиња на светска економска криза, европска должничка криза, кога вообичаено каматите растат затоа што растат и ризиците, практично е на некој начин едно давање можност на македонските фирми по многу ниски камати. За наши услови 5,5 % е прилично ниска камата и никаде ја нема во земјата освен преку оваа кредитна линија – рече премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
За Тереза, Абиби, Сара, Семра, Мануела… – овие работи се потребни во Прифатниот центар Визбегово
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Ќе се ограничи годишната стапка на вкупни трошоци на потрошувачките кредити


