| четврток, 6 декември 2018 |

Бизарна медицина – барут за стомак, мртов крт за забоболка

Иако денешната медицина има многу едноставни решенија за проблемите како болките во стомакот или настинка, во викторијанското време методите за лекување биле малку поинакви. „Бабините даветини“ од викторијанско време ги објави Констанца Мур во книгата „Hints On Health From The Victorians“. Веројатно не би пробале ништо од ова, но вреди да се прочита.

stomak

Проблеми со стомакот
Решението за проблемите со стомакот е брзо и едноставно – земете малку барут и помешајте го во чаша топла вода со малку сапун во неа. Напијте се од растворот и проблемите ќе престанат. Веројатно затоа што за кратко време содржината од желудникот ќе ја испразните низ уста.

kelav

Ќелавост
Иако и порано постоеле ласиони, таблети и напитоци во борбата со ќелавоста, викторијанците сметале дека најдобро е триење на критичните места на главата со малку кромид. Не заборавајте, лукот е против вампири, кромидот е против ќелавоста, а лудите совети се лек против здрав разум.

За подобар сон
Сакате да спиете подобро, подолго и здраво? Се што ви треба е да спиете во мокра облека. Но, не се грижите, подобро ќе добиете и добра метода за победување на пневмонија.

Kolera

Колера
Не се плашете! Самиот страв од колерата може да ги зголеми шансите да се заразите. Најважното е да се остане крајно смирен и опуштен во нејзино присуство.

Болки поради растење заб 
Ако детето има болки бидејќи му растат заби, најдоброто што може да го направите за него, е да му обесите мртов крт околу вратот.

opium-cocktail-dim-sum

Лек против депресија
Мала количина на опиум и проблемот е решен. Дури и кралицата Викторија се уверила во квалитетите на овој метод, бидејќи го користела по смртта на нејзиниот сопруг.

Chicken_-_melbourne_show_2005

Треска
За да ја победите треската, најважно е да држите нозе од мртва кокошка на телото.

smrdliva corapa

Растечен нос
Ако не можете да го спречите течењето на носот – имате две решенија. Прво: Силно помирисајте стар засмрден чорап! Второ: шмркнете поголема количина мокра сол. Ако ниту еден од овие два и вообичаено делотворни лекови не успее, викторијанците препорачувале пиење загреано виски.

Настинка
Според докторите, ако сакате да се ослободите од различните болести и настинки, најважно е да се земе „здрава доза“ на жива, арсеник, железо или фосфор.

Ако ништо не успее…
Дури и ако некоја од овие терапии не успее, нема потреба од паника – решението секогаш е молењето на Бога.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top