Љубовните приказни често завршуваат со “ Повеќе не сакам да те видам!“. Но, покасно, случајно или од радозналост, ги сретнуваме старите љубови, ги посматраме, резервирано се распрашуваме за нив, се на се, водиме безличен разговор само од радозналост. На крај, поради необјасливи причини повторно наоѓаме заеднички јазик, сеќавањата надоаѓаат и ја потискуваат сегашноста, повеќе не го криеме погледот и срдечно се насмевнуваме свесни дека ги будиме заборавените чувства. Се јавува желба да одиме чекор понатаму, повторно да ја вкусиме интензивната интимност за која сме верувале дека е засекогаш изгубена. Да одиме до крај не спречува само една недоумница: “Дали е ова правилно сега, после се, да водам љубов со него/неа?“
Чувството на вина?
Средбата со поранешниот партнер секогаш го вклучува механизмот што свесно ( или болно) сме го потиснале и не е лесно да се процени што всушност се крие позади него. А би требало за да можеме однапред да го процениме значењето на можните последици од повторното интимно зближување со него/неа. Од најголемо значење е начинот на кој била прекината врската. Вие го напуштивте? Пазете, можеби сакате да водите љубов со него само за да се ослободите од чувството на вина. За жал, не постои компшензација за скратената љубов, па тргнете се од новата блискост.
Друга е ситуацијата доколку сте биле напуштени. Овој пат не ви е целта да платите за својата вина, но затоа ќе ја разбудите својата слабост, а тоа не секогаш завршува добро. Можеби на интимност не ве води желба, туку потребата да испробате колку моќ имате над својот поранешен партнер. Може ли тој, после сето тоа време, да и оддолее на вашата привлечност? Колку и да ви значи да го добиете одговорот, подобро е да се задржите на “говорното заведување“ – вашата радозналост ќе биде задоволена, а нема да ви се случи повторно да изгубите глава поради него/неа.
Потреба за подршка
Понекогаш средбата и набивањето на еротски електрицитет со поранешнио партнер се провоцираат поради потребата од подршка. Замислата да имате секс со некој кого го познавате, во кој сте биле заљубени ќе ви помогне барем за момент да не се чувствувате сами, но може да биде извор на другио разочарувања. Надевањето дека може да се врати минатото со сите чувства, среќа и сигурност стои на стаклени нозе, а будењето на минатите чувства може да биде многу непријатен. Со проблемите мора да се соочите и морате даги решавате на свој терен, а не да бегате од стварноста. Затоа најдобро е да заборавите на интимноста со поранешниот/поранешната.
Можеби би воделе љубов со него затоа што сеуште се сомневате дека мопжеби вашата љубов сосема не престанала, и сметате дека новата блискост е посебен подарок од судбината. Проверката може да ви користи, но може да биде и извор на големи разочарувања.
И на крај, желбата за повторна интимност може да се јави како потреба да се заокружи една врска која се завршила на лош начин. Вреди да се признае дека ваков крај, макар и задоцнет, е многу пријатен, но дали сте се запрашела кој тука кого залажува? Интимност која го запечатува минатото, а не ја втемелува иднината ретко кога може да биде забавна..
Пријателска врска
Постојат врски кои на некои начин се протегаат низ годините и накои е тешко да се стави крај. Со тек на време врската се менува, страста се заменува со пријателство. И кога се одредува крај на врската, партнерите и понатаму се гледаат, а повремено без обврски, и без очекувања, водат љубов.во таквите врски само на изглед нема проблеми. Проблемите се јавуваат кога еден од поранешните партнери ќе најде нов партнер и ги прекине еротските средби. Пријателството е и понатаму јако, но оставениот партнер тешко го преживува губитокот. А всушност треба да биде благодарен затоа што во неговиот живот се отвора простор за нова љубов. Ситуацијата е секако болна, но кој кажал дека во љубовта не постои болка?!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


