| четврток, 6 декември 2018 |

Со што на себе мажите ги посакуваат партнерките во кревет?

zena vo dolna obleka

Жените во секси долната облека повеќе не се прв избор за мажите. Според новото истражување посилниот пол смета дека партнерките им се попривлечни кога ги гледаат во пижами.

Од друга страна пак, жените велат дека најмногу сакаат да ги гледаат мажите во боксерки или во долна облека, а најмалку во фудбалерски дресови.

Речиси 37 проценти од анкетираните мажи изјавиле дека сакаат да ја видат жената во пижами и дека во таа облека им е најсекси. 55 отсто рекле дека тоа им е симпатично, а 21 процент се изјасниле дека кројот на пижамите ја прави жената атрактивна.

На второ место е секси долната облека, а на трето ноќницата. Околу 22 проценти изјавиле дека нема ништо посексапилно од тоа да ја видат жената во нивна облека, било да е тоа нивни пижами или маица.

Само 16 проценти од мажите рекле дека сакаат кога жената во кревет ќе ја видат гола.

Во анкетата учествувале 1912 мажи и жени постари од 18 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top