| четврток, 6 декември 2018 |

Наумче Мојсовски, Дејан Манасков и пријателите собираа пари за младиот Јоце

rakometari dres1Јоце Блажевски е младо момче заболено од церебрална парализа, кое треба да се лекува во Москва. За неговите потреби, во Every Day, вчера е организирана хуманитарна аукција на која се продаваа предмети поклонети од низа јавни личности, меѓу кои и од ракометарите Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Ванчо Димовски, Петар Ангелов и РенатоВугринец. Веднаш по натпреварот со екипата на Пик Сегед, овие ракометари, засилени со Манасков, Кеџо, Топиќ и Мандиќ, заминаа на аукцијата и беа активни во купувањето на изложените предмети. Собрани се преку 65.000 денари, а најскапо платени се токму дресовите на ракометарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top