Кели ле Брук, незаборавната „Жена во црвено“, која обележи милиони машки пубертети, а и многу постари, во ексклузивно интервју за интернет-порталот „Дејли мејл“ за првпат открива која е цената што ја плати за славата што ѝ ја донесе унавината и како одвратниот развод со Стивен Сегал и дрогата ѝ го уништиле животот.
Откако видела дека со земањето дрога си го уништува животот, се отселила.
– Воопшто немав самодоверба. Се мразев себеси. Се отселив во Беверли Хилс во Санта Барбара.
Таму се лекувала од трауми, пишувала книги, ја одгледувала градината, се занимавала со своите коњи.
– Понекогаш одам да спијам надвор, на трева, без шатор. Само јас и мојот коњ, под ѕвезденото небо. Со години наназад толку многу се плашев, што не излегував ниту пред куќа, – вели Ле Брук, која сега повторно се подготвува за враќање пред камерите.
За разводот со Сегал вели дека ја уништил.
– Признавам, станав осаменик, – вели Кели. Мојот развод од Стивен беше одвратен, детали излегуваа по сите медиуми. Не сакав децата да го гледаат тоа и едноставно ги фрлив сите телевизори од куќата. Се отселив од Лос Анџелес и ги одведов децата да растат со вистински луѓе, со деца на работници, водоинсталатери, вистински обични луѓе.
– Гледам како млади актери како Линдзи Лохан постојано се цел на медиумите бидејќи немаат никого зад себе. Таа ме потсетува на 12-годишно девојче заробено во тело на жена, со сета таа дрога и алкохол, – вели Кели.

Од нејзината некогашна прекрасна фигура нема ниту трага. Кели ле Брук денес е крупна, помалку неуредна жена со премногу траги од пластични операции. Но, за многумина фанови таа секогаш ќе биде онаа прекрасна Кели во црвен фустан, прекрасна над вентилацискиот отвор на подземната железница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


