Директорите на студентските домови и управителите ќе бидат најстрого казнети доколку дозволат некој да добие студентско легло без да ги исполни соодветните критериуми, најави премиерот Никола Груевски.
45 проценти од студентите кои веќе аплицирале за студентски легла дале неточни податоци. Тие ќе бидат избришани и ќе има нова тура на примања. Со тоа ќе има повеќе слободни места во студентските домови и ќе нема недостиг, како што беше и досега.
-Донесувањето на овој закон овозможи ред и решавање на овој повеќедецениски проблем за распоредување на студентските легла – изјави Груевски.
Доколку се утврди некоја неправилност во нивното работење, директорите и управителите на студентските домови ќе бидат сменети и ќе платат казна од 7.500 до 15.000 евра, а казната за управителите на студентските домови ќе изнесува од 5.000 до 7.000 евра – им порача Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Студентите три дена кампуваат пред „Стив Наумов“ и Кузман: Списоци има, домовите неспремни за вселување (галерија)
-
Одбележани 67 години од убиството на петтемина струмички студенти
-
Потресни сведочења од студентскиот дом „Стив Наумов“: Синоќа непознати лица се обиделе да влезат во собите
-
Концерт на Македонската филхармонија и студенти од ФМУ


