Утринава, пред околу еден час, дошло до тешка сообраќајна несреќа на крстосницата на улиците „Тоне Томшиќ“ и „Божидар Аџија“, кај студентскиот дом „Пелагонија“ во скопската населба Кисела Вода.
Според досегашните информации, несреќата се случила кога автомобил „сеат ибица“ со скопски регистарски таблички се забил во комби, исто така, со скопски регистрации. Предниот ден на „ибицата“ е комплетно уништен и распарчен на улицата.
Полицијата врши увид на местото на несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.