Додека Советот за безбедност на ООН расправаше за Резолуцијата со која би се дозволила воена интервенција во Сирија, се чини дека Вашингтон и Лондон се нетрпеливи и се подготвуваат за напад иако се уште не се објавени податоците за тоа дали сириските сили на Асад користеле нервен гас Сарин или не. Се пренесуваат неименувани извори дека воздушните напади може да почнат во следните денови, можеби дури и в четврток.
Сепак не се објаснува зошто толку се брза. Британскиот „Гардијан“ претпоставува дека дел од лидерите сакаат да казнат временски што поскоро од извршувањето на злосторството, за да се оправда акцијата пред јавноста. Така ќе добие форма дека е одговор за определена акција а не воена интервенција.
Втората опција за која пишува Гардијан е дека западот сака да ги уништи своите цели додека се „збиени“, додека не се „распрснале“. Ова објаснување сепак не е веројатно, бидејќи интервенцијата се најавува подолг период и со тоа што се откриваат целите, па Асад имаше доволно време да се подготви за одговор.
Додека воената интервенција во Ситрија во најмала рака ќе биде спорна, бидејќи Сирија не е потписник на Конвенцијата за хемиско оружје од 1993, а на која се темели „заговорот за напад“, се доведува во прашање и резултатот од истрагата на ООН на терен. Британцитѕе и американците предупредуваат дека од нападот со Сарин(?) до почетокот на истрагата, заради препреки од сириските власти поминаа дури 5 дена, што ја доведува во прашање веродостојноста на доказите, дури се предупредува на нивна компромитација. На сето тоа се додава дека тимот научници од ООН нема право да определува кој користел хемиско оружје, туку нивната задача е да проверат за кој вид на оружје станува збор. Затоа и се наметнува прашањето- има ли смисла да се чека со воената интервенција, откако безбедносните служби на западните земји се сигурни во вината на Асад.
Како едно од најважните прашања е дали Русија и кина на СБ на ООН ќе дадат поддршка или ќе стават вето на Резолуцијата. Во случај на вето постои можност САД, Велика Британија и сојузниците да тргнат во акција без мандат на ООН, со аргумент дека „бил потрошен целиот дипломатски капацитет“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!


