| четврток, 6 декември 2018 |

Свечено отворање на новиот пат до манастирот „Трескавец“

treskavec

Премиерот Никола Груевски денеска ќе ја посети општина Прилеп и ќе присуствува на пуштањето во употреба на патот кон манастирот „Трескавец“.

Почетокот на градежните работи беше означен минатата година, на големиот празник Успение на Пресвета Богородица. Тогаш министрите за транспорт и врски Миле Јанакиески и за култура Елизабета Канческа-Милевска нагласија дека патот е одамна најавен и оти е еден од основните услови за заштита на манастирскиот комплекс, кој е светски познат споменик на културата.

Патот долг 7,5 километри го финансира Министерството за транспорт и врски за што се одвоени 81 милион денари, а го гради фирмата „Гранит“.

Според агендата, премиерот Груевски и министерот за образование и наука Спиро Ристовски во Прилеп ќе присуствуваат на отворање спортска сала во средното општинско училиште „Ристе Ристески-Ричко“ и на поставување камен-темелник на спортска сала во основното училиште „Добре Јованоски“, активности што се дел од проектот на Владата за изградба и опремување 145 училишни спортски сали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top