| четврток, 6 декември 2018 |

САД и Ал Каида на иста линија за Сирија – Ако не удрат американците тогаш ќе нападнат терористите!

albanci sirija

Терористичка ќелија на Ал каеда се закани со „вулкан од одмазда“ врз сириските владини сили, како одговор на нападот со хемиско оружје пред една недела во Дамаск, објави групата за следење на пораки од екстремистички групи „СИТЕ“.

– Нашите единици решија да спроведат „вулкан на одмазда“ како одговор на масакрите што режимот ги изврши врз нашите луѓе, од кој последен беше оној со хемиско оружје – соопштила групата Исламска држава во Ирак и во Левант (ИСИЛ) на 26 август. ИСИЛ најави дека ќе удри врз главните јазли на режимот во Дамаск, вклучувајќи ги центрите за безбедност, за поддршка, за логистика и за обука на војската, како и инфраструктурните објекти.

Сириските власти тврдат дека нападот со хемиско оружје во Дамаск го извршиле бунтовниците. САД, пак, тврдат дека имаат докази оти нападот го спровеле владините сили. Експертскиот тим на ОН во Дамаск сè уште спроведува истрага на теренот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top