Во Кањонот Матка, се одржа традиционалната поетска манифестација, Поетско матине по повод завршувањето на 52. издание на Струшките вечери на поезијата.
Манифестацијата е во организација на Друштвото на писатели на Македонија и Струшките вечери на поезијата, a под покровителство на Град Скопје.
На митингот учествуваа триесеттина поети од земјава и од светот, меѓу кои во името на годинешниот добитник на златниот венец на поезијата Хозе Емилио Пачеко (Jose Emilio Pacheco) се обрати и прочита негови стихови Марчело Урибе(Marcelo Uribe), издавач и долгогодишен пријател на лауреатот;Елена Енрикес (Elena Enriques); Рон Винклер (Ron Winkler); Амир Ор (Amir Or); Шармила Реј (Sharmila Rаy); Рајко Лукач (Rajko Lukac); Галсанцук Батар (Galsansukh Baatar); Лоана Лероним (Ioana Ieronim); Аурелија Ласак (Aurelia Lassaque); Саурс Усмане (Saurs Оusmane); Абдула Сатоглу (Abdulah Satoglu); Јахиа Акенгин (Yаhyа Akengin); Радован Павловски, Николина Андова, добитник на наградата „Мостови на Струга“ за најдобра дебитанска книга што се доделува во соработка со УНЕСКО; Ристо Ѓ. Јачев, годинешен добитник на наградата „Браќа Миладиновци“, што се доделува за најдобра стихозбирка од македонски автор публикувана помеѓу два фестивали; Литов Намдагжанчивин; Весна Ацевска; Тодор Чаловски и други.
Водители на Поетскиот митинг беа македонските актери Роберт Велјановски и Арна Шијак, а на митингот присуствуваа и претседателот на Друштвото на писатели на Македонија, Раде Силјан, како и директорот на Манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“, Мите Стефоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



