| четврток, 6 декември 2018 |

Православните слават Успение на Пресвета Богородица

bogorodica-630x392Православните Христијани го слават празникот Успение на Пресвета Богородица или меѓу народот познат како Голема Богородица. Во повеќе храмови  се чествува празникот со утринска архиерејска божествена литургија.

Во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Долна Матка  скопско ќе се чествува празникот со  голем брок верници и посетители со величствената утринска архиерејска божествена литургија.

Успението на Пресвета Богородица се слави на петнаесеттиот ден од месец август или 28, според новиот календар. Нему му претходи двонеделен Богородичен, или Преображенски пост.

Овој празник го слави успението, воскресението и прославувањето на Пресвета Богородица и нејзиното преселување во Царството Божјо во полнотата на нејзиното духовно и телесно постоење.

По тој повод, 28 август е неработен ден за верниците, според Законот за празници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top