
Креативец
Овој тип постојано е во потрага за иновации, сака да експериментира и најмногу од се се плаши дека сексуалниот живот ќе му се претвори во рутина. Сексуалните играчки, лосионот за масажа и секси долната облека се негови омилени реквизити, а ќе го освои играњето покер на соблекување и иницијативи во постела.
Бунтовник
Бунтовниците се многу отворени, а склони се на авантури и перверзии. Во креветот може да ги задржи само постојаната желба за нешто ново, а со своите егзибиции сака да се пофали пред пријателите. Тие се отворени за секс во јавност, а ќе ги освојат садо-мазо фетиши и грицкање на брадавиците.
Адвокат
Овој тип е многу строг во однос на сексот и контрола на зачнувањето. Тој ужива во сексот, но секогаш е одговорен и не може да му се случи да има секс во пијана состојба и без заштита. Тој е верен на еден партнер, не сака да ги менува партнерките, пред се затоа што се плаши од полово преносливи болести. Ќе го освои секси карта на телото каде што можете да му покажете каде точно да ве допира.
Интелектуалец
Интелектуалецот е во целост запознаен со анатомијата на телото. Тој проучил се што го интересира и секогаш знае што сака неговата партнерка. Него ќе го освои читање на еротска литература, листа на сексуални желби и заеднички туширања.
Спортист
Овој тип гледа на сексот како на прилика за зајакнување на мускулите. За него тоа е спој помеѓу аеробик и уживање, а неговиот партнер го очекуваат маратонски сеанси. Ноќното капење и долгата предигра во целост ќе го излудат.
Спиритуалист
За спиритуалистот нема места за секс, туку само за водење љубов. Тој е романтична душа која што сака долга предигра, а партнерката ќе го излуди со допирање на чувствителните точки. Тој сака да експериментира со тантра секс, затоа што смета дека тоа ќе му помогне да се поврзе со партнерот на повисоко ниво.
Грижлив тип
За овој тип во сексот е поважно уживањето на партнерката и ќе направи се за да ја задоволи. Тој никогаш не одбива секс, дури и ако го боли главата, а страстите ќе ги разгори романтична вечера за двајца и сензуалната масажа која ќе ги пробуди сите сетила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


