
Турската актерка Мерјем Узерли, позната по улогата на Хурем во серијата „Величествениот“, во интервју за „Хуријет“ открива дека сакала да изврши самоубиство пред да го напушти снимањето на серијата, по што веднаш заминала на лекување.
– Сакав да се фрлам од тераса бидејќи во тоа го гледав единствениот излез. Сакав да исчезнам, да ме нема, да сум мртва. Во смртта видов спас. Бев во многу лоша психичка состојба – рекла Узерли.
Во тие тешки моменти голема поддршка ѝ бил вереникот Кан Атеш, но состојбата на Узерли станала уште поочајна кога разбрале дека е бремена, а тој ѝ рекол дека не сакал да имaат дете и побарал од неа да абортира.
– Не планирав да забременам. Дознавме, сосема случајно, кога Кан дојде кај мене да ме посети. Седевме во паркот и се гледавме видно шокирани. Тој веќе има две деца и рече дека не му требаат повеќе. Инсистираше на тоа да се ослободам од детето што побрзо бидејќи бебето наводно ќе ме уништи. Кога му објаснив дека не можам туку-така да го направам тоа, тој стануваше сѐ понервозен, па дури беше и насилен – изјавила Узерли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


