| четврток, 6 декември 2018 |

Сергеј Лавров: Проектилите кај Дамаск, се истите употребени во март кај Алепо

„Постојат и фотографии од проектил, кој бил истрелан (крај Дамаск), како и опис на супстанцијата. Тој е многу сличен на оној што е истрелан кај Алепо на 19-ти март”, рекол Лавров, кого го цитира РИА Новости.
Додал дека експертите коишто ги гледале видео материјалите поставени на интернет, од кои започна новата ескалација во однос на граѓанската војна во Сирија и заканите за можна странска воена интервенција во земјата, со кои наводно се докажува употребата на хемиско оружје, изразиле големи сомнежи во веродостојноста на тие материјали.
ОН велат дека во моментов има тринаесет извештаи за користење на хемиско оружје, едно е до сириската влада, едно од Русија, а другите главно од Велика Британија, Франција и САД. И сириската влада и опозицијата го негираат неговото користење. Истрагата на експертите на ќе утврди само дали таков вид оружје е користено, но не и кој го користел.
САД, на пример, заклучија дека силите на претседателот Асад го користеле хемиското оружје, меѓутоа и Русија којашто е децениски сојузник на Дамаск, во ОН предаде наоди од истрага направена во нејзина референтна лабораторија, според кои хемиското оружје било употребено со преправани проектили, односно тоа го сториле бунтовнички сили.
Сириската државна телевизија во саботата објави снимки со тврдење дека припадници на армијата пронашле траги од бојни отрови во тунелите коишто бунтовниците ги користеле во Џобар, едно од предградијата на главниот град Дамаск кои беа под нивна контрола, а во прилогот на телевизијата беше наведено дека некои од војниците имале проблеми со дишењето и биле хоспитализирани.
Беа емитуван и снимки од операцијата во предградието Џобар каде што било пријавено дека дејствувале бунтовниците со боеви отрови, открила магацин со буриња на кои пишувало „Made in KSA” (Направено во Саудиска Арабија), многу заштитни гас-маски. На истото место нашле и лекови коишто се користат при вдишување хемикалии на кои стоела ознаката „The Qatari-German Company for Pharmaceutical Industries” како и растурани проектили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top