| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ не излегува на избори без гаранции дека ќе победи

Ова во изјава за „Курир“ го вели новинарката Мирка Велиновска откако Социјалдемократскиот сојуз на Македонија одби да излезе на предвремени парламентарни избори и да се соочи со волјата на народот, што укажува на тоа дека опозицијата има страв од избори.

– Се ми се чини дека Владата има проблем да сфати дека СДСМ на слободни демокртаски избори не сака да излегува. Прифатлива за нив е само понудата ако им се гарантира победа. СДСМ постапува по правилата на Моамер ел Гадафи од 1978 година каде се бараат плурарни, слободни избори во обид да победи една партија која е малцинство во однос на сите останати. Штом на луѓето им треба странски интервенции, набљудувачи, тоа значи дека не ја прифаќаат слободно искажаната волја на граѓаните – вели Велиновска.

Таа смета дека на нив што и да им се понуди, доколку не им се гарантира изборна победа, постојано ќе наоѓаат изговори за избегнување на изборите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top