| четврток, 6 декември 2018 |

Падна договор во Октиси – демонстрантите се разотидоа

По разговорите во кои денеска  учествуваа Владиката Тимотеј, градоначалникот на Струга Зијадин Села, претставници на иницијативниот одбор за изградба на нова црква, организаторите на блокадата на изградба на црквата и локалните муслимански свештеници како претставници на ИВЗ, заврши  инцидентот во селото Октиси.

Според договорот в петок тие повторно ќе седнат на маса и ќе се договорат како ќе тече иницијативата за изградба на нова црква во ова село со доминантна исламска популација.

Иницијаторите за изградба на новата црква го послушале апелот на Владиката Тимотеј и за неколку дена го одлагаат поставувањето на камен –  темелникот на верскиот храм.

Во инцидентот од двете страни учестувале околу 150 лица а при нивното раздвојување не учествувале полициски специјалци туку припадници на локалната Струшка и Охридска полиција.

Бо Октиси немало ниту физичка пресметка или било каков физички контакт меѓу двете групи но имало вербални довикувања на верска основа, за среќа тензиите навреме се запрени пред тие да ескалираат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top