| четврток, 6 декември 2018 |

Аргентински „Фрицл“ 20 години ја силувал поќерката со која имал 10 деца

argentina

 

Аргентинец 20 години ја силувал поќерката која му родила десет деца.

35 годишната девојка која била неписмена, на истражителите им рекла дека била присилувана да раѓа дома, а потоа децата службено биле припишувани на нејзината мајка која од страв не реагирала на злоставувањето.

Случајот бил откриен дури кога жртвата им признала на соседите кои ја советувале да пријави во полиција.

–       На 11 години ме одведе на планина. Таму морав да му помагам во млинот. Тогаш почна да ме злоставува, раскажала Роси Фалко која првото дете го родила на 14 години. Две деца и починале и биле закопани во близина на нивната куќа, четири останале со неа, а четири биле испратени да работат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top