| четврток, 6 декември 2018 |

НСА ги шпионирала ОН

oon

 

Американската тајна служба НСА прислушувала и во централата на Обединетите нации во Њујорк, информира германскиот неделник „Шпигел“ повикуваќи се на документи на поранешниот соработник на НСА, Едвард Сноуден. . Според тие информации, НСА летото 2012 година успеала да го пробие системот за видеоконференции на ОН и истите да ги дешифрираат, Ова доведе до „драматично подобрување на податоците од видео-телеконференциите и можноста да биде декодиран овој проток на податоци“.

Во еден случај, НСА ги открила кинеските тајни служби како шпионираат. НСА притоа го прислушувала тоа, што Кинезите претходно го шпионирале, информира „Шпигел“.

Во рок од три недели бројот на декодирани комуникации се зголемил од двнаесет на 458. Акциите на шпионажа биле илегални, имено во еден договор со ОН кој важи до денес, САД се обврзуваат да не спроведуваат тајни акции.

Како што информира „Шпигел“, НСА ги шпионирала застапништвата на Европската унија при ОН и откако тие се преселиле во новите амбасадорски простории во септември 2012 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top