| четврток, 6 декември 2018 |

ЕК ја поддржува иницијативата на Ѓорѓи Иванов

Европската комисија целосно ја поддржува иницијативата на претседателот Ѓорѓе Иванов за формирање на експертска група што ќе ги разгледа околностите за настаните на 24 декември минатата година и ги повикува СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ внимателно да го разгледаат овој предлог

stanoЕвропската комисија целосно ја поддржува иницијативата на претседателот Ѓорѓе Иванов за формирање на експертска група што ќе ги разгледа околностите за настаните на 24 декември минатата година и ги повикува СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ внимателно да го разгледаат овој предлог. Ова е пораката што во име на Комисијата денеска ја соопшти Петер Стано, портпарол на еврокомесарот за прошриување Штефан Филе.

– ЕК целосно ја поддржува иницијативата и ги повикуваме двете страни внимателно да ја разгледаат, бидејќи мислиме дека е многу важно да се истражат и анализираат настаните што претходеа, што донесоа и следеа по настаните во и околу Парламентот тој ден. Ние сметаме дека работата на таквата комисија треба да биде независна, непристрасна и базирана на европските стандарди, земајќи предвид меѓународна експертиза за она што ќе го констатира за тоа да биде објективно, изјави Стано за дописникот на МИА од Брисел.

Според гласноговорникот на Европската унија, многу е важно дека препораките и заклучоците од работата на таквата комисија ќе бидат земени предвид и од страна на Европската комисија во подготовката на пролетниот извештај за Македонија.

– Тоа значи дека резултатите од работата на оваа експертска група нема да завршат под тепих, потенцира Стано.

На констатацијата дека претседателот на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски, веќе ја одби оваа иницијатива на Иванов, гласноговорникот на ЕУ Стано со дециден став: – „Позицијата на ЕК е кристално јасна. Ние ја поддржуваме оваа иницијатива на македонскиот претседател и ги повикуваме двете страни, двата политички кампуси, навистина внимателно да размислат за неа, оти е многу важно да се изанализира што беше причината за да се случат настаните на 24 декември и да се направи препорака за во иднина, оти знаеме дека она што се случи го одвлече вниманието од потребните прашања во рамки на европската агенда во врска со потребниот внатреполитички развој“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top