| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва завршува фестивалот „Охридски трубадури“

Вечерва завршува последната интернационална вечер од јубилејниот 20. по ред „Охридско трубадури“, објави „Телеграф“. На сцената ќе се појават повеќе познати изведувачи од соседните земји, но и од пошироко.

Од Хрватска доаѓаат познатата Ивана Банфиќ и Игор Цурков од познатото шоу „Операција триумф“, Србија ќе ја претставуваат трите згодни девојки што учествуваа на Евровизија, познатите „Моје три“, и уште неколку други изведувачи од повеќе земји.

Инаку, има најава и за настап на легендарниот Мики Јевремовиќ, добар пријател на Григор Копров, кој годинава директорската палка му ја препушти на Миодраг Врчаковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top