Железничкиот сообраќај е во прекин заради незадоволството од нередовната исплата на платите и здравственото осигурување, соопшти Независниот синдикат на машиновозачите при МЖ Транспорт. Синдикатот инсистира на редовна плата и сини картони, но и повлекување на тужбите против машиновозачи.
– Сообраќајот ќе биде прекинат со тоа што сите возови коишто го почнале возењето, ќе го довршат. Сите товарни и меѓународни возови ќе ја однесат стоката до крајната дестинација. Не сакаме да направиме штета на „МЖ Транспорт“ АД Скопје, дадовме простор од три дена, но никој не се огласи на нашите барања, истакнуваат од Синдикатот.
Кон штрајкот се приклучиле и другите синдикати во МЖ Транспорт, а велат тој ќе трае додека не им се исполнат нивните барања. Сепак велат дека вечерва ќе имаат средба со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.