Тетовецот Ќемаладин Адили (51), со лажен идентитет на Агим Емини, кој се самоуби пред една недела во хотел во Тирана поради невозвратената љубов, соработувал со познатата криминална група „Пинк Пантер“, а бил соработник на полицијата, тврди албанскиот весник „Дита“, аобјави весникот „Дневник“.
Полициски извори за весникот потврдуваат дека Адили бил познат под псевдонимот Дино и оти постојат сознанија дека по враќањето во Тетово од Швајцарија, почнал да соработува со македонските тајни служби. Тоа му овозможило полесно да ги добие потребните документи со туѓ идентитет.
„Благодарение на блиските односи со полицијата, тој посредувал во ослободување на стриптизети и проститутки од Албанија, Kосово, Србија, Бугарија и од Молдавија, кои често биле апсени во Тетово и околината. За тоа богато бил наградуван од сопствениците на локалите. Многу години бил во затвор во Швајцарија, каде што с` уште е неговиот помал брат, под исто обинение, трговија со дрога и оружје“, истакнува „Дита“.
Истиот полициски извор тврди дека има силни докази оти за време на годините минати во западна Европа, Адили соработувал и со познатата банда „Пинк Пантер“. Истото го потврдуваат негови познајници од Тетово.
Тетовецот се самоуби откако претходно ја застрела и ја рани својата девојка Ана Сулче (21), која не сакала да се омажи за него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.