Претседателот на Државната изборна комисија Борис Кондарко не сакаше да коментира дали неговата партија која го предложи за таа фунција побарала, или ќе побара од него да се повлече, откако СДСМ одлучи да ги бојкотира локалните избори.
-Ќе си ги прашате од СДСМ- кратко одговори Кондарко за „Република“, додавјаќи дека е на сосатанок и не може да зборува на телефон.
Од СДСМ не беа достапни за да ни кажат дали ќе побараат од нивните претставници во ДИК, претседателот Кондарко и Виолета Дума да ја напуштат Државната изборна комисија. Пред извесно време во медиумите проструи и таква информација.
Рокот за пријавување на кандидати за градоначалници и советнички листи е до 16 февруари, и дотогаш ќе биде нејасна позицијата на СДСМ, кој засега стои на ставот за бојкот на изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.