| четврток, 6 декември 2018 |

Засади оригано и заработи и по 3000 евра од хектар!

Од оваа есен ориганото ќе се задоми и на македонско тло, објавува „Фактор“. Оваа билка чие производство и пласман во светот доживеа вистински бум, од годинава ќе почне да се сади и кај нас, а првите берби ќе бидат следната пролет. На терен веќе во полн ек се подготовките за есенската седиба на ориганото.

-За октомври е подготвен расадот, се подготвуваме со првите кооперанти да почнеме, имаме направено пред договори, сушарата е веќе 90 проценти готова, значи се е подготвена, а во следниот период ни останува да го шириме кругот, објаснува Кујтим Хаџи- Хамза, директор на земјоделската задруга “Тока”.

Македонската земјоделска задруга Тока, во Турција, веќе неколку години ја произведуваат оваа билка и успешно го имаат разработено бизнисот со продажба на оргинаното на странски пазари. Во моментов имаат и 2.540 кооперанти.

-Идејата за производство на оригано започна пред 24 во Турција. Таму на почетокот ние овој вид на оригано (ориганум онитес) го собиравме по планините во Турција. Потоа поради големата побарувачка на светскиот пазар, одлучивме да почнеме со негово култивирање. Почнавме со 40 хектари, за шест години успеавме да засадиме 6.000 хекатри со 2.540 кооперанти. Годишно нашата фирма извезува  1.800 тони сува материја,а целокупното производство оди за Америка и Европа, вели Хаџи- Хамза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top