Македонија ја победи Грција! Вака НБА тимот Атланта Хоукс на својата фан страна на фејсбук ја пренесе информацијата за победата на македонската репрезентација над Грција на Суперкупот што се игра во германскиот град Улм. Во информацијата упатена до фановите на клубот се вели дека новиот „Јастреб“ Перо Антиќ го завшрил мечот со дабл-дабл учинок, (16 поени, 10 скокови) вклучувајќи ги и клучниот кош на 10 секунди пред крајот кој и ја донесе победата на Македонија.
Пораката има над 2400 „like“,повеќе до 250 споделувања, и преку 150 коментари со честитки за играта на Антиќ, но и за победата на македонската репрезентација. Сепак, и овој пат не изостанаа провокациите и навредите од грчка страна и мешањето на проблемот со името.
Повеќе коментари прочитајте тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.