Наскоро комисјата за 24 декември ќе излезе со резултати по макотрпните повеќечасовни преговори кои во изминатите три дена се водат во Клубот на пранениците, информираше пред малку претседателот на комисијата Борче Давитковски.
Сепак тој не откри некакви резулатати, ниту пак кажа дали е оптимист или песимист.
Како што неофицијално дознава порталот НоваТв од членовите на комисјата, копјата се кршат околу утвдрување на тоа дали е бил прекшен Уставот или не, при интервенцијата на обезбедувањето кое на седницата на 24 декември, минатата година, ги изнесе од салата пратениците, а потоа и новинарите ги натера да ја напуштата галеријата.
Исходот останува непознат, дискусијата, на која не учествуваат премиерот Груевски и претседателот на СДСМ, Заев, се одвива во тензична атмосфера
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



