| четврток, 6 декември 2018 |

Докази за хемиски напад нема – Франција, Турција и Британија се закануваат со воена интервенција во Сирија

sirija zrtvi hemisko oruzje

 

САД не се вожност со сигурност да кажат дали во Сирија беше употребено хемиско оружје, соопшти Стејт департментот.

Според Белата куќа, Обама наредил разузнавачката служба што побрзо да собере дополнителни информации. Ако се заклучи дека сирискиот режим користел хемиско оружје, тоа би било „нечуено“.

Во меѓувреме, Западот се посилно зборува за напад на Сирија. Франција, Турција и Британија се заканија со употреба на сила ако се потврдат информациите дека режимот на Асад употребил хемиско оружје.

Официјални лица од овие земји веќе побараа од меѓународната заедница што побрзо да се реагира по неуспехот членките на СБ на ОН да се договорат за покренување истрага.

Прво францускиот министер за надворешни Лоран Фабијус се закани дека меѓународната заедница мора да примени сила во Сирија, но без копнени сили. Потоа на иста линија застана и турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу.

–          Голем број црвени линии се преминати, а Советот за безбедност не може да донесе одлука за тоа што да прави, вели тој.

Малку по благ став има и Британија, која исто така се залага за воена интервенција.

Веруваме дека политичкото решение е најдобро за сопирање на крвопролевањата во Сирија, но многу пати до сега сме повториле дека не исклучуваме ниту една опција кога е во прашање чувањето на невини животи во Сирија, се наведува во соопштението од Форин офисот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top