Москва ќе им предложи на 20 најразвиени земји (Г20) да се прекине со спасување на банките на сметка на даночните обврзници. Министерството за финансии на Русија оценува дека практика да им помага на „пропаднатите“ банки, од почетокот на финансиската криза пред пет години, веќе не функционира.
Заменик-министерот Сергеј Сторчак го критикувал спасувањето на светските финансиски корпорации со помош на даночните обврзници, со објаснување дека тие институции се премногу големи за да пропаднат.Главниот економист на БНП банката во Москва, Јулија Цевајева, укажува на штетноста од продолжување на таквиот начин на спасување на проблематичните компании во финансиската индустрија. Сега е време тој процес да престане, вели таа.
Можноста за откажување од ваквата практика пораснале по случајот со Кипар, кога спасувањето на нивниот банкарски систем бил направен со пари од вложувачите во банките. Од сметките на депонентите во кипарските банки поголеми од 100.000 еврa, за која државата не гарантира, беа одземени 47,5 отсто, за што добија акции за одземените заштеди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.