| четврток, 6 декември 2018 |

Волстрит паѓа 6 дена по ред

волстрит-600x391Индексот Dow Jones во средата забележа пад шести ден по ред бидејќи ниту по објавувањето на записникот од јулската седница на челниците на американската централна банка, не е јасно дали таа ќе почне да ги намалува поттикнувачките монетарни мерки кои долг период го поддржуваа растот на цените на акциите.

Падот на индексот Dow Jones шест денa по ред, што не е забележано од јули минатата 2012 година, е последица на несигурноста на инвеститорите во однос на тоа кога американската централна банка ќе почне да ги намалува програмите за откуп на државните и хипотекарните кредити во износ од 85 милијарди долари месечно. Имено, ниту во средата објавените делови од записникот од јулската седница на челниците на Fed не дода јасни показатели за ова прашање. Речиси сите челници на централната банка се согласуваат дека уште не е време за намалување на поттикнувањата, а само неколкумина од нив сметаат дека наскоро би требало помалку да се намалат поттикнувачките мерки.

Недоволно брзиот раст на економијата, анемичните деловни резултати на компаниите и несигурноста во врска со намалувањето на поттикнувачките мерки на Fed, ги наведуваат инвеститорите на претпазливост, на што укажува и слабиот обем на тргување. Така во средата на Волстрит, НИСЕ МКТ и Насдак сопствениците ги заменија околу 5,6 милијарди акции, додека просечниот дневен обем во годинава изнесува 6,3 милијарди акции, пренесува Макфакс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top