Браќа од село Кривогаштани, Pрилепско ја нападнале младата маќеа, а едниот од нив дури и пукал со пиштол во воздух. Жената во паника се сокрила кај соседите и така се спасила.
Полицијата од Прилеп јави дека завчера околу 21 часот, во куќата на Т.Д.(48) во село Кривогаштани, Pрилепско, без повод и причина синот на Т.Д., Ф.Д.(18), физички ја нападнал вонбрачната сопруга на неговиот татко Г.В.(31) од Крушево нанесувајќи ѝ телесни повреди, а исто така и се заканувал по нејзиниот живот држејќи во раката пиштол од кој испукал неколку истрели во воздух. Во исто време, и другиот осумгодишен син на Т.Д. физички ја нападнал Г.В., но истата успеала да избега кај соседите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



