| четврток, 6 декември 2018 |

„Република“ беше во право – Бучковски формира партија!

Бучковски во интервју за „Нова Македонија“ ја потврди екслузивната информација на неделникот „Република“ дека ќе формира партија. Иако, како што вели во интервјуто тој е дел од процесот, но не претендира да го раководи новиот политички субјект

Поранешниот лидер на СДСМ и експремиер Владо Бучковски во интервју за „Нова Македонија“ потврди дека ќе се формира нова партија за која тој е еден од иницијаторите, но, најверојатно, нема да биде нејзин претседател.

– Тоа е проект што се заговара неколку месеци, но доби на интензитет по 24 декември и по најавите за бојкот од СДСМ. Јас сум инволвиран во процесот, но не сум идејниот творец и не претендирам да го предводам – изјави Бучковски.

Според него, СДСМ треба да сфати дека со Бранко Црвенковски на чело на партијата не може да го победи Никола Груевски. Ако тој успее да направи маневар и да остане на чело на партијата, тогаш, вели Бучковски, легитимно ќе се отвори прашањето за создавање нов политички субјект. Идејата на иницијаторите за формирање на новиот политички субјект е да ги придобие неопределените, а не само челновите на СДСМ.

– Идејата произлегува од едни интелектуални кругови и од дел од македонската интелигенција која се најде на удар не само од власта, туку и од СДСМ, со барањето да се определи. Во регионов можевме да видиме дека и многу посилни партии од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ биле маргинализирани по налетот на нови политички движења, на пример во Словенија, Бугарија, Грција… Затоа јас не би го потценил и македонското општество во оваа смисла. Но како ќе се развива политичката сцена по локалните избори зависи од тоа дали СДСМ ќе успее да се демократизира- вели Бучковски.

Целосното интервју можете да го прочитате во „Нова Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поврзани вести

Top