| четврток, 6 декември 2018 |

Изграден патот до Трескавец

izgradba-pat-probistip

На 28 август ќе се сече црвена лента на патот до манастирот „Трескавец“ чии конаци годинава во февруари целосно беа уништени во голем пожар.

По една година од почетокот на градежните работи за патот, екипите на градежната компанија „Гранит“ го завршија проектот иако, според градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, патот требало да биде готов дури по 6 месеци.

Инвестицијата е вредна околу два милиона евра, а се реализираше со пари од државниот буџет преку Министерството за транспорт и врски. Патот има должина од 7,5 километри и ширина од 3,5 метри, со што за првпат преку непристапниот предел, асфалтен пат ќе го спои манастирот со остатокот од светот.

– Интензивно работеа 15 градежни машини, 10 работници и двајца техничари – информираше Гојко Јошески, раководител на проектот.

Пред манастирот ќе се гради и паркинг за 250 возила, а се прави и водовод и се обновуваат конаците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top