
Царинските службеници од граничниот премин „Богородица“ спречија обид за нелегално внесување ловечка муниција.
При обид за влез во државава, вчера на граничниот премин „Богородица“ било претресено комби со грчки регистарски таблици, управувано од грчки државјанин.
При детална царинска контрола на возилото, во просторот под седиштата се пронајдени 661 парче сокриена ловечка муниција, спакувана во картонски кутии за кои возачот, кој истовремено е и сопственик, не поседувал дозвола издадена од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, која е неопходна при увозот на овој вид стока во нашата земја.
Пронајдената муниција е со калибар од 7 мм до 10 мм, и тоа:
– 448 парчиња од 8 мм
– 102 парчиња од 9 мм
– 11 парчиња од 9,5 мм
– 25 парчиња од 7 мм
– 75 парчиња од 10 мм.
Муницијата, чијашто царинска вредност изнесува околу 13 илјади денари, е привремено задржана. Против прекршителот, Царинската управа поведе прекршочна постапка во согласност со царинскиот закон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


