| четврток, 6 декември 2018 |

Жените ги измислија, мажите не можат без нив

Мажите се сметаат за попаметни, но многу работи без кои тие денес не можат ги измислиле токму оние нежните и „не баш интелегентните“ суштества наречени жени.

brisaci

Бришач на автомобил

Мери Андерсон во далечната 1903 се сетила на бришачите. Шипката со гумен додаток го патентирала една година подоцна. Нејзината идеја била искористена во сериско производство децении подоцна. Да не била Мери веројатно автомобилите ќе си седеа во гаража или на паркинг во дождливите денови. Или можеби мажите ќе возеа со глава извадена од прозорец со пластична вреќа како заштитник од дожд.

monopoly-new-tokens.jpeg-1280x960

Монопол

Елизабет Маги е одговорна за една од најпопуларните друштвени игри. Играта оригинално се викала „The Landlord’s Game“ и е измислена односно патентирана во 1903 година. Денеска се користи за забава, но идејата на Елизабет кога ја создала играта била преку неа да го покаже трагичниот ефект што го носи алчноста.

solaren sistem

Соларно греење

Унгарката Мариа Телкес го измислила првиот систем на греење на соларна енергија. Во 1940 година го развила и го направила достапен првиот соларен систем за домаќинства, а во реализација на проектот и помогнала уште една жена – Еленор Рејмонд.

pivo1

Пиво

Пиво и фудбал. Ретко кој маж би рекол: Не, благодарам. А податоците до кои дошле истражувачите велат напивката без која не се гледа фудбал ја измислила жена, поточно повеќе жени. Имено пред 7 000 години во Мезопотамија жените биле задолжени за правење пиво. Тоа била вештина која ја работеле исклучиво жените, а тогаш пивото се сметало за божји дар, кое до денес остана еден од најпопуларните пијалоци на сите времиња, а се благодарение на вредните раце на жените.

protivpozarni skali protivpozarni skali

Противпожарни скали

Првите противпожарни скали на надворешната страна на зградите во 1897 година ги измислила Ана Конли. Нејзината идеја ја прифатиле многу архитекти, а оваа идеја се задржала до денес.

pancir

Панцир

Заштитниот прслук, познат како панцир, го измислила жена. Стефани Кволек го патентирала изумот во 1966 година. Но тоа не е нејзиниот единствен изум. За 40 годишната кариера патентирала повеќе од 40 различни изуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top