| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалникот на Македонски Брод им купува странски невести на ергените

Во Македонски Брод некогаш живеаја 24 илјади жители. Денес тој број е трипати помал – 8.500. Девојките најчесто заминуваат во друг град или во странство. Градоначалникот на Македонски Брод, Милосим Војневски, реши да се справи со овој проблем. Тој, како што објави „Канал5“, кандисувал над 200 стари ергени од Поречието да се оженат. Имале меѓу 35 и 50 години, а не формирале семејство. Преку невладина организација од Битола им нудат Русинки и Украинки, не постари од 35 години.

Но, локалните власти се жалеле дека нема интерес. Се пријавиле само 4, а требаат најмалку 20 за да се формира група – на општински трошок да одат во Русија и Украина и да избираат невести. Општината ќе плати и за свадба и ќе издвои помош само да ги ожени ергените.

Минатата година во овој град се родени 49 бебиња, а умреле околу 100 луѓе. Во опстанокот на населението во селата, тврдат од Општината, најголем придонес имаат невестите од Албанија. Ги има 68, кои родиле 192 деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top