Балканците се неемотивни и нечувствителни луѓе. Според резултатите од последното истражување на „Галуп“ во врска со степенот на емотивноста на народите во светот, балканските народи се најдоа во групата земји каде што живеат најмал број емотивни и чувствителни лица, пишува весникот „Форбс“.
Во најнеемотивните земји од Балканот, најемотивни се жителите на Црна Гора и на Албанија. 46 отсто жители тврдат дека по природа се емотивни. По нив доаѓаме ние, заедно со Србија и Босна и Херцеговина, каде што 44 отсто испитаници се доживуваат себеси како емотивни лица.
Од друга страна, најмалку емотивни лица на Балканот имаат Хрватска и Косово, каде што живеат 43, односно 42 отсто лица што се водени од емоциите.
Според истражувањето на „Галуп“, Балканот се наоѓа во групата земји во светот со низок процент „емотивци“, додека во сите земји на Балканот повеќе од половината жители рекле дека не реагираат емотивно во одредени општествени интеракции и ситуации што им се случуваат.
Од земјите од поширокиот регион на Балканот, во Бугарија има 41 отсто емотивни луѓе, во Турција 45, во Унгарија 46 и во Словенија 48 отсто.
Специјалистите на „Галуп“ потсетуваат дека емоциите се мошне значаен фактор во животот на обичните луѓе, но и во состојбата на цели нации бидејќи го одредуваат однесувањето на луѓето, како и донесувањето важни одлуки.
Резултатите на наведената студија се собрани врз основа на прашањето дали жителите на земјите во светот во претходните денови доживеале десет одредени емоции, од кои пет негативни и пет позитивни.
Резултатите на студијата го покажуваат процентот на луѓето во секоја земја што во претходните денови ги доживеале сите десет емоции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хорор куќа на Балканот која ги „убила“ сите сопственици
-
Невреме над Балканот, девојче загина од удар на гром
-
Возачите на Балканот во паника: Пристига новиот радар со кој полицијата ќе може освен брзината, да детектира и дали зборувате на телефон!
-
Џабе работи, џабе не седи: Во Луксембург за еден час се заработува колку на Балканот за цел ден


