Холивудската ѕвезда Брус Вилис тврди дека жените се многу повеќе интелегентни од мажите, па од таа причина би требало да владеат со светот.
– Ги обожувам жените и секогаш се чувствувам безбедо кога сум во нивна близина – изјави Брус Вилис во своето најново интервју, на 18 август 2013 година, кое го објави неделното списание „ You“.
– Жените се неспоредливо помудри од мажите. Затоа би требало да бидат претседателки на сите држави во светот – рече Брус. Актерот знае за што зборува затоа што неговиот живот е исполнет со жени, тврди ѕвездата на филмот „РЕД2“, кој сега се промовира.
Брус, кој со поранешната сопруга Деми Мур има три ќерки – Рамер, Скаут и Талула, а со актуелната сопруга Ема Хеминг ја има петнаесетмесечна ќерка Мејбел Реј, често зборува за значењето на семејството и секогаш нагласува дека би бил неподнослив на сетот кога не би ги носел своите блиски на снимањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


