| четврток, 6 декември 2018 |

Светот и помогна да ја докаже својата љубов (фото)

tamara i sasa„Саша, Тамара те сака!“ – со ваква порака излегоа повеќе од 250 луѓе ширум светот за да и помогнат на Тамара да ја оствари својата желба – да го изненади своето момче за четиригодишнинатаод нивната врска. Младата девојка од Нови Сад стапила во контакт со луѓе од целиот свет и ги замолила да се фотографираат со натпис  и тоа на кирилица и на сопствениот јазик.

-Пораките им ги праќав на луѓето најчесто преку Facebook и Couchsurfing. Во приватна порака им кажував што сакам, а оставив порака и на групата „Global friends and Cultures of the world”. Луѓето се навистина подготвени да помогнат. Финалниот резултат е преку 250 фотографии од 70 различни земји! – изјавила Тамара.

Романтичната девојка вели дека нејзиното момче останало без зборови. Не можел да поверува што таа му помогнала. Воодушевен е од нејзината идеја и се изненадил од бројот на непознати луѓе кои го направиле ова за нив.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top