
Експериментите со животни наведуваат на заклучок дека промената на балансот во имунолошкиот систем може да овозможи развој на нови методи во лекувањето на ракот, тврдат научници од Детската болница во Филаделфија.
Имунолошкиот систем е програмиран да напаѓа натрапници, но не и ткива во организмот. Постојат многу болести кои се јавуваат кога имунолошкиот систем ќе се сврти против ткивата во организамот, меѓу кои спаѓаат и дијабетис тип 2 и мултиплес склероза.
Таканаречените т- клетки се дел од имунолошкиот систем кои обично делуваат смирувачки, спречуваат имунолошкиот систем да го нападне организмот. Научниците се обидоа да го пореметат нивното функционирање и да го „откочат“ имунолошкиот систем да го нападне ракот.
– Моравме да најдеме начин да ја ослабнеме функцијата на т-клетките за да овозможиме антиканцерогено дејство, а истовремено да спречиме автоимуна реакција, објаснува еден од истражувачите д-р Вејн Хенкок.
Научниците одгледале глувчиња без хемиска супстанција неопходна за ефикасно функционирање на т-клетки, а потоа ја примениле терапијата која предизвикува ист ефект кај обичните глувчиња.
Во двата експерименти промените на балансот во имунолошкиот систем влијаеле на намалување на растот на еден вид рак на бели дробови.
– Ова навистина отвора пат кон развој на нов, можеби и главен вид на имунотерапија, вели д-р Хенкок.
Научниците меѓутоа, нагласуваат дека истражувањето е во почетна фаза и дека до прва треба да се провери дали ваков пристап би бил безбедн и ефикасен во лекувањето на луѓето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


