Фабриката на „Џонсон контролс“ во индустриската зона во Штип објави оглас за слободно работно место. Компанијата бара менаџер кој ќе биде одговорен за материјалните набавки во компанијата. Се бара лице со универзитетска диплома од областа на логистика, набавки или надворешна трговија. Потребно е најмалку 2 години работно искуство на позицијата менаџер на набавки, а ќе се преферираат лица кои работеле во автомобилската индустрија. Задолжително е напредно познавање на англискиот јазик, а како предност ќе се смета и германскиот јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



