Охриѓани оваа година ќе ги испраќаат туристите со голем собир на кој ќе бидат подготвени сите охридски специјалитети и пијалаци и тоа пред очите на посетителите коi ќе можат да гледаат како се приготвуваат специјалностите од охридската кујна.
Настанот, именуван како „Охридска софра“, ќе се одржи првпат на 24 август, во селото Скребатно, во атарот на манастирот „Св. Богородица“, а има тенденција да прерасне во традиција. Собирот се надоврзува на традиционалната „Ѓомлезијада“ која оваа година ќе биде збогатена со питулици, комади под сач и други надалеку познати охридски специјалитети.
Предвидена е музичка програма на која ќе настапат охридски чалгии и етно-џез групата „Љубојна“.
Надлежните се задоволни од оваа туристичка сезона и тврдат дека била успешна. Според нивните податоци, под Самоиловата тврдина годинава имало 10 отсто повеќе гости во споредба со лани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Втор ден хаос за туристите во Грција
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Голема несреќа на Хаваи: Туристи повредени откако вулканска лава погодила брод



