
Поранешната македонска репрезентативка Валетина Радуловиќ се враќа во ракометот, но овој пат како селектор на македонската младинска женска репрезентација, пишува весникот „Дневник“.
Таа ќе биде назначена на предлог на Стефче Алушовски кој од РФМ е ангажиран да се грижи за младинските категории.
Радуловиќ нема тренерско искуство, во моментов е без ангажман, а се разбира како играч имаше успешна кариера како членка на шампионскиот Кометал Ѓорче Петров, потоа Слагелсе, Хипо, а играше и за Кабран Амбалажа.
Таа ќе раководи со репрезентацијата до 21 година, Аце Станковски е одговорен за кадетската женска репрезентација, а Јулија Црвенковска за пионерската.
Единствениот што го „задржа“ местото е Александар Јовиќ, кој ќе биде селектор на кадетите, неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата, Зоран Петковски ќе работи со младинската машка репрезентација, а Никола Матлиевски со пионерската, објави весникот „Дневник“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


