Шпанскиот фудбалски првак минатата недела упати неколку понуди за споменатите фудбалери, меѓутоа англиските премиерлигаши експресно ги одбија.
„Блауграна“ беше подготвена да издвои 25 милиони евра за бразилскиот фудбалски интернационалец, додека лондонските „Сини“ бараа двојно повеќе од тоа.
Од друга страна, пак, понудата за данскиот дефанзивец не беше објавена, но сеедно челниците од „Енфилд роуд“ одлучија дека и таа е недоволна за услугите на Агер.
„Задоволен сум со тимот кој го имам. Секогаш е тука и зимскиот преоден период, доколку ни треба нешто. Минатата година составот имаше проблеми во одбраната поради повреди, меѓутоа кога сите се здрави, имаме доволно опции за сите позиции“, истакна аргентинскиот стратег.
Инаку, каталонскиот клуб синоќа фуриозно ја почна новата трка во шпанскиот фудбалски шампионат, декласирајќи го Леванте со 7:0 во првото коло од Примера, 6:0 беше уште на полувремето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.