| четврток, 6 декември 2018 |

Нема македонска музика на македонски ТВ канали

Канал 5, Сител и Алсат - М не успеале да се договорат со ММИ околу плаќањето на правата за емитување на делата на домашните автори и изведувачи

Националните ТВ станици Канал 5, Сител и Алсат – М, на денешната средба договориле мораториум на емитување на било кој вид домашна музика затоа што не успеале да се договорат со ММИ околу плаќањето на правата за емитување на делата на домашните автори и изведувачи.
Во соопштението доставено од страна на директорот на Канал 5, Иван Мирчевски е наведено:Националните ТВ станици: Канал 5 , Сител и Алсат – М, на денешната средба договорија дека прогласуваат МОРАТОРИУМ на емитување на било кој вид домашна музика. Од сега нашите гледачи нема да бидат во можност да ги следат кариерите на домашните музички изведувачи и автори.За жал, не вродија со плод нашите аргументи дека ТВ станиците не користат фонограми, туку аудио-визуелни дела, односно ВИДЕОГРАМИ, за кои Македонската Музичка Индустрија – ММИ, нема добиено лиценца.ММИ не ги прифати многуте забелешките на Министерството за Култура од 17.12.2012 година и не ги коригираше, а згора на тоа деновиве достави известување до нашите ТВ куќи дека со почеток на оваа година ќе започне со побарување на средства.Затоа, поради сите наведени пропусти, бараме, според членот 157 од Законот за Авторско и Сродни Права на РМ, Министерството за Култура да ја одземе лиценцата на ММИ и да ја преиспита одлуката за самоволно истакнување на Тарифи, како и вршење притисок врз медиумите за плаќање на дополнителни давачки. Истовремено препорачуваме, во духот на заложбите на Владата на РМ, за намалување на давачките кои ќе го оптоварат буџетот на граѓаните и фирмите, да се одложи доделувањето на нова лиценца, за да се амортизира штетата која ќе се направи не само врз македоската музичка продукција, туку и врз сите правни и физички лица во време на економска криза.За крај информираме дека нашите три ТВ куќи почнуваат постапка пред Уставниот Суд на Македонија, во која ќе бараме да се преиспитаат сите акти на ова здружение и истовремено ја инфомираме јавноста дека нашиот МОРАТОРИУМ ќе остане на сила се до конечната разврска на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top