На подрачјето на Скопје задутре, во периодот од 7 до 11 часот, ќе се изврши авионска дезинсекција против комарци поради што пчеларите треба навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, соопшти денеска Град Скопје.
Со второто прскање против комарци ќе бидат опфатени сите мочуришта, канали и стоечки водени површини во Скопје и во неговата околина, како и по течението на реката Вардар.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, таа ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, соопштуваат од Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.