Металург победи на турнирот во Струга, во финалето го совлада францускиот Иври со 24-22, но мечот го одбележа скандалозниот потег на голманот на македонскиот вицепрвак, Дарко Станиќ.
Голманот на српската репрезентација во последната минута од мечот одеднаш реши да го нападне судијата Славе Николов и тоа без никаква причина. За среќа на Станиќ, но и на судијата, брзо реагираа резервните ракометари на Металург кои спречија огромен инцидент и го тргнаа разулавениот Станиќ подалеку од теренот.
Инаку, Металург заслужено го совлада Иври, беше подобар во текот на целиот меч, а избраниците на Лино Червар се опуштија во второто полувреме откако на паузата заминаа со водство од 16-7.
Третото место го освои Вардар, откако го растури Мешков Брест со 33-24.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



