| четврток, 6 декември 2018 |

Литванија ни ја расипа прославата

makedonija - litvanija _006

 

Македонската кошаркарска репрезентација доживеа убедлив пораз од Литванија на пријателскиот натпревар во салата Борис Трајковски во Скопје. Сепак, крајниот резултат од 62-50 воопшто не ја претставува вистнската слика од теренот, затоа што Македонија водеше до средината на последната четвртина, кога гостите од Литванија успеаја да направат пресврт кој на крајот им донесе убедлива победа.

Нашите репрезентативци во четвртиот период од натпреварот имаа очајно лош процент на реалзирани шутеви за три поени што придонесе за конечните минус 12.

Во првите три четвртини тимот на Алеш Пипан покажа солидна игра, а на моменти имавме предност и над десет кошеви разлика.

Да се надеваме дека македонската репрезентација ќе извлече поуки и ќе ги корегира грешките од вечерашниот пораз до почетокот на европското првенство во Словенија кое почнува на 4 септември.

На полувремето од натпреварот раководството на кошаркарската федерација на Македонија им додели благодарници на кошаркарите кои беа дел од првиот официјален натревар во македонскиот национален дрес пред 20 години.

 

makedonija - litvanija _010 makedonija - litvanija _009 makedonija - litvanija _008 makedonija - litvanija _007 makedonija - litvanija _005

makedonija - litvanija _011 makedonija - litvanija _012

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top